Против актерот Алек Болдвин, кој ненамерно уби колешка за време на снимањето на филмот кон крајот на октомври, е поднесена тужба во која е наведено дека филмското сценарио не бара од него да пука со пиштол.
Тужбата ја поднела претпоставената за сценарио Мами Мичел, која повикала полиција по пукањето за време на снимањето на филмот Rust (Rust) во Ново Мексико.
Нејзиниот адвокат го обвини Болдвин дека „играл руски рулет“ кога пукал од пиштол без претходна проверк
Мичел изјавила дека страда од емоционален шок и други проблеми.
„Настаните што доведоа до истрелот на г-н Болдвин не се резултат на едноставно невнимание, изјави адвокатката на Мичел пред новинарите во Лос Анџелес. – Напротив, мислиме дека г-н Болдвин избрал да игра руски рулет ракувајќи со оружјето, без да го провери“, рече таа.
Тужителите сметаат оти неговото однесување и она на продуцентите на „’Рѓа“ било опасно.
Болдвин и продуцентите на филмот, кои исто така беа споменати во тужбата, се уште не се изјасниле.
Холивудскиот актер претходно ги сподели коментарите на член на тимот кој ги отфрли сугестиите дека филмскиот сет е небезбеден.
Полицијата се уште го истражува пукањето на 21 октомври за време на снимањето на вестернот.
Засега не е поднесена кривична пријава.
Во тужбата на Мами Мичел се тврди дека за сценариото се потребни три големи снимки – од очите на Болдвин, крвна дамка во пределот на рамото и третата од неговото торзо „додека ја става раката на футролата и вади пиштол“.
„Немаше ништо во сценариото за Болдвин или која било друга личност да извлече пиштол“, се вели во тужбата.
