Уште три земји останаа за Протоколот за НАТО

По вчерашната ратификација од Исланд, уште три ратификации ја делат Македонија од полноправно членство во НАТО. Дваесет и шест земји, меѓу кои и САД, дадоа зелено светло земјава да се приклучи во Алијансата.

Останува тоа наскоро да го сторат уште Франција, Холандија, и Шпанија. Вчера попладне Парламентот на Исланд го ратификуваше Протоколот за нашето членство во НАТО, што е 26-та ратификација.

Францускиот Сенат минатата недела го усвои во прво читање предлог-законот за ратификација на Протоколот за членство на Македонија во НАТО. Останува документот да биде ратификуван и од Националното собрание при второто читање.

Извор: ТВ21

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
  • Ознаки
  • 1
spot_img

Најважното