Успешна спасувачка акција: Туристи изгубени на Матка спасени за еден час

Вчера, на крајот од денот, по стемнувањето, на 112 во ЦУК е добиена пријава од странски државјани (турски), туристи, кои се наоѓале спроти ресторан „Кањон Матка“, на другата страна од езерото, односно акумулацијата „Матка“ и истите информирале дека се изгубиле и не можат во мракот да се движат, па побарале помош да преминат од спротивната страна каде што се наоѓа ресторанот и пешачката патека. За таа цел било потребно пловно превозно средство (кајче, чамец).

Регионалниот ЦУК Скопје координираше со институциите од Системот за управување со кризи и информираше дека дека за ова веднаш биле известени ПС Сарај и Општина Сарај и според повратните информации за околу еден час странските државјани биле извлечени од местото каде што се наоѓале и потоа безбедно биле префрлени преку езерото, односно акумулацијата „Матка“.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното