Живот

Успешно тестирана ракетата Циркон – летала со брзина седумпати поголема од звукот

Русија вчера успешно тестираше хиперсонична крстосувачка ракета со назив Циркон.

Ракетата била ланисирана од фрегатата Адмирал Горшков, воен брод стациониран во Бело Море, а проектилот Циркон летал со брзина седумпати поголема од звукот и погодило цел на 350 километри на брегот на Баренцово Море.

„Тактичките и техничките карактеристики на Цирконот се потврдени со оваа тестирање“, истакнаа од руското Министерство за одбрана.

Русија планира со ракетата Циркон да ги опреми сите подморници и воени бродови.

Путин уште во 2018 година најави спектар на ново хиперсонично оружје, а следната година се закани дека ќе распореди хиперсонични проектили на бродовите и подморниците, за да бидат подготвени да дејствуваат во случај САД да распоредат нуклеарно оружје со среден дострел во Европа.

Ноќно студио

Најнова епизода

Дали системот реагира навреме? Ноќно студио со обвинителката Спасенка Андонова

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни