Усвоен новиот закон за медиуми, опозицијата најави нови измени и дополнувања

Со 79 гласа ЗА, по тригодишна дебата, Собранието го усвои новиот закон за медиумски, аудио и аудио визуелни услуги. За законот гласаа и пратениците од опозицијата. Главната причина за измените и дополнувањата на законот е со цел политиката да не се меша во медиумите, а колку ќе се постигне тоа ќе покаже времето, рече пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Лилјана Затуровска, која најави нови измени и дополнувања на текстот.

Извор: ТВ21