Македонија

Усвоен законот против дискриминација – Ѓорчев и денеска се обиде да го блокира законот

По многу дебати и обвинувања меѓу власта и опозицијата, законот за спречување и заштита од дискриминација доби зелено светло.

„За законот гласале 52 пратеници, тројца биле воздржани, а ниту еден против“, изјави Талат Џафери – претседател на Собранието.

Законот беше усвоен со Бадентерево мнозинство.

„За него гласале 13 од 20 присутни пратеници кои се дел од помалите заедници, против немало, а еден бил воздржан“, додаде Џафери.

И денеска пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Владимир Ѓорчев се обиде да ги убеди пратениците да не гласаат.

За власта, законот е европски и демократски, со него се унапредуваат човековите права по сите основи.

Според опозицијата, со овој закон се отвораат можности за редефинирање на категоријата семејство.

Законот предвидува спречување секаков вид дискриминација базирана на расата, бојата, потеклото, етничката и национална припадност, род, сексуална ориентација, родов идентитет, припадност на маргинализирани групи, јазик, државност, социјално потекло, образование, религиј или верско убедување.

Законот претходно беше во собраниска постапка во редовна постапка, но беше блокиран цели 8 месеци по што Владата го повлече и го испрати со европско знаменце по скратена постапка.

РЕПОРТЕР: ЗИМЕР ЈАШАРИ

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни