Усвоена резолуција со која се осудува обидот за убиство на премиерот Фиц

Словачкиот парламент едногласно усвои резолуција со која се осудува обидот за атентат врз словачкиот премиер Роберт Фицо.

Парламентот повика да престане ширењето на омраза во општеството и посочи дека граѓаните не треба да бидат цел на нивните политички убедувања, пренесе агенцијата ТАСР.

Во градот Хандлова, на западот на Словачка, на 15 мај беше извршен вооружен напад врз Фицо. Премиерот се здобил со прострелни рани и морал да биде опериран.

Вооружениот напаѓач, писателот Јурај Цинтула (71), беше приведен, а подоцна обвинет за политички мотивиран обид за убиство.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
spot_img

Најважното