Македонија

Утре бесплатен паркинг во Скопје, освен на Водно

Утре бесплатен паркинг во Скопје, освен на Водно

На зонските паркиралишта со кои стопанисува ЈП „Градски паркинг“ – Скопје утре, на Денот на народното востание -11 Октомври, нема да се врши наплата, освен на паркинг зона А0 Водно.

Како што информира ЈП „Градски паркинг“ – Скопје, со редовна работа и наплата ќе работат двете катни гаражи „Беко“ и „26ти Јули“ и јавните паркиралишта „Кочо Рацин“, „Треска“, Градска болница и Клинички центар „Мајка Тереза“.

ЈП „Градски паркинг“ – Скопје на сите граѓани им го честита утрешниот празник, 11 Октомври.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ивана Петковска, Коалицијата „Сите за правично судење“ 17.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни