Македонија

Утре четири блокади низ Македонија – еве каде

Утре четири блокади низ Македонија – еве каде

Блокади низ целата држава од утре со почетокот во 13 часот, беа најавени вечерва од протестот пред Собранието со кој веќе шести ден се бара отфрлање на францускиот предлог за кревање на бугарското вето и деблокада на македонските евроинтеграции.

„Утре продолжуваме со блокади низ Македонија. На 4 места, во Скопје пред владата, како и блокирање на магистралните патишта Штип Велес, Струмица Радовиш и Плетвар Прилеп.

Повикуваме на масовност да кажеме НЕ на ултиматумот за бугаризација на Македонија, НЕ за бруталноста и полициските местенки, ДА за иднината на Македонија. Сабота во знак на почит на сограѓаните муслимани кои чествуваат празник нема да има протести.

Продолжуваме масовно со протестирање во Скопје, НЕДЕЛА во 19 часот пред влада“, се вели во соопштението.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни