Утре е Велика среда: Ова никако не смеете да го правите!

Утре е последната среда од Велигденскиот пост и е исклучително значајна во христијанскиот свет. Се наоѓаме во Страдална седмица која се однесува на страдањето, трпението и болката, бидејќи токму оваа недела Христос бил распнат на крстот, но исто така се случило и неговото воскресение.

Зошто е важна Велика среда?

Утрешниот ден, како последна среда од Велигденскиот пост, на жените им е забрането да шијат, што исто така важи и за Цветната недела. Во некои делови на Велика среда се вапцаат јајца. Сепак, многу свештеници не го препорачуваат тоа, туку советуваат јајцата да се вапцаат во петок – токму на денот кога Исус Христос бил распнат на крстот.

Во домовите кои се во жалост, јајцата се бојадисуваат во црна боја и се нарекуваат „калуѓери“.

За Велигден, сите домови подготвуваат вкусни јадења, а неизбежна е и погачата, која домаќинките ја приготвуваат за да ја збогатат празничната трпеза.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното