УТРЕ Е ВТОРИОТ ДЕН ОД БОЖИЌ, А ОВА СЕ ОБИЧАИТЕ КОИ ТРЕБА ДА СЕ ПОЧИТУВААТ! Може да ја напуштите куќата и да избегнувате една работа

Некои обичаи треба да се почитуваат и на вториот ден од Божиќ.

Православните верници утре го слават вториот од трите дена Божиќ. Денот по празнувањето на најрадосниот христијански празник, односно вториот ден од Божик, се нарекува и Собор на Пресвета Богородица. Верниците и оддаваат почит и благодарност за раѓањето на спасителот на човечкиот род.

Со оглед на тоа што првиот ден од Божиќ останувате дома, вториот ден традиционално се слави со пријателите, а добро е да се излезе, па макар и на прошетка. Луѓето велат – „кој има пријатели е богат човек“. На вториот ден од Божиќ треба да се посетат пријатели, роднини или кумови, а се верува дека не треба да се враќа гостин од прагот, бидејќи на овој ден се помируваат и оние кои се скарале.

Верувањето вели и дека денес не треба да ја чистите куќата, бидејќи Божиќ се слави три дена, а оваа молитва треба да ја изговорите за во домот да владее мир и хармонија. „Преку твоето раѓање, Христе Боже, свети светата светлина на Божјото спознание, зашто во таа светлина оние што им служат на ѕвездите беа поучени од ѕвезда, да те обожаваат тебе, сонцето на правдата, и да те спознаат од висината на исток, Господи, слава ти“!