Македонската православна црква и верниците утре го слават денот посветен на светиот апостол Иродион
Светиот апостол Иродион бил родум од Тарс Киликија, роднина на светиот апостол Павле. Во сè им служел на светите апостоли и од нив бил поставен за епископ на Неопатара.
Како епископ со своето свето учење обрати многу незнабожци во Христовата вера. Тоа ги исполнило Евреите со завист и го фатиле заедно со идолопоклониците и жестоко го мачеле: го удирале со стапови по главата, го удирале со камења во устата и го избоделе со ножеви. И кога го оставија да умре, светиот апостол се спаси жив со милоста Божја, а потоа го проповедаше словото Божјо во Рим со светиот врховен апостол Петар.
А светиот апостол Павле, пишувајќи го Посланието до Римјаните од Коринт, го спомнува свети Иродион кој тогаш бил во Рим покрај Свети Петар: Поздравете го мојот братучед Иродион (Рим. 16, 11). И свети Иродион ќе биде исечен со меч заедно со свети Олимп и многу други христијани истиот ден кога свети Петар беше распнат.
За спас на душата на овој ден треба искрено да се молите, бидејќи само молитвата од срце може да направи чуда.
