И покрај меѓународните притисоци и предупредувањата од САД, иранскиот режим продолжува со бруталната пресметка. Утре наутро се очекува да биде извршена смртната казна над демонстрантот Ерфан Солтани.
Веста ја потврдија активистите за човекови права, кои алармираат за суровоста на постапката пред самиот чин на бесење.
Егзекуцијата на Солтани доаѓа во момент на ескалација на тензиите. Иако американскиот претседател Доналд Трамп претходно порача дека „помошта пристигнува“ и предупреди Техеран да престане со убивањето, режимот со овој чин испраќа порака дека нема намера да попушти пред протестите.
Солтани беше уапсен за време на масовните демонстрации кои ја зафатија земјата, а неговото судење беше оценето од меѓународните организации како неправедно и политички мотивирано.
