Согласно Законот за празниците на Република Македонија, утрешниот ден ќе биде неработен за припадниците на српската заедница во државата.
На 27 јануари се одбележува Свети Сава – национален празник на Србите, кој традиционално се прославува со богослужби, културни настани и пригодни манифестации низ земјава.
Празникот има значајна верска и културна димензија и е поврзан со ликот и делото на Свети Сава, првиот архиепископ на српската црква.
Очекувања се дел од настаните да бидат организирани од културни и образовни институции, како и од здруженија на српската заедница.
