Македонија

Утре нова шанса за СЈО – премиерот ќе се сретне со Села и Касами

Утре ќе има нова шанса Владата и ВМРО-ДПМНЕ да се договорат за предлог-законот за јавно обвинителство. Од Министерството за правда за ТВ21 потврдуваат дека средбата ќе се одржи во 18 часот, откако синоќа работната група на партијата на Мицкоски ги доставила своите предлози во форма на амандмани.

Освен со ВМРО-ДПМНЕ, власта паралелно ќе преговара со БЕСА, Алијанса за Алабците, но и осумте независни пратеници, со цел да се обезбеди двотретинско мнозинство.

СУРИЈА РАШИДИ-АЛИЈАНСА ЗА АЛБАНЦИТЕ:

Прашање: Кои се барањата или вашите критики кои може да ги доставите до Премиерот за предлог-законот за обвинителство?

Рашиди: Нашиот став за предлог-законот за обвинителство е јавен и јасен. Истите ставови кои јавно ги кажавме и утре ќе ги браниме на евентуалната средба што може да се одржи со Премиерот а има врска со улогата на СЈО, како што знаете нашиот став е до продолжи СЈО да функционира како на почетокот од формирањето и за целта за која се формираше.

Прашање: И со употреба на “бомбите“?

Рашиди: Секако

Истите барања го чекаат Премиерот и од Движење Беса. Сакаат продолжување на работата на СЈО како до сега и употреба на бомбите како докази.

„Што го спречува Јавното обвинителство со главниот обвинител Јовески да иницира постапки за криминалот, корупцијата кои ги имавме во минатото владеење. Затоа, во тој правец и новото обвинителство со својот тим ја оправда својата работа, затоа не гледам никаква причина СЈО да се претопи таму. Едноставно тоа го гледам како желба на Владата да се ослободи од СЈО. Во суштина тоа ја исполни својата работа во расчистување на некои сметки и зајакнувањето на новата власт во земјава и сега на некој начин СЈО им пречи, и ајде да го вметнеме во Јавното обвинителство“, изјави Фадиљ Зендели од движењето Беса.

Како од Беса така и од Алијанса за Албанците, сега за сега не се знае дали ќе достават амандмани доколку предлог-законот помине во Собрание. Меѓутоа, според пратеникот Рашиди, неговата партија ова прашање повторно ќе го разгледа по средбата со Премиерот.

РЕПОРТЕР: БЕСИР АРИФИ

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни