Утре почнува божиќниот пост – отец Пимен објави правилник за тоа кога треба да се пости на масло, а кога треба строг пост!

Владиката на МПЦ – ОА, и митрополит на европската епархија Пимен денеска сподели важни правила околу божиќниот пост.

Тој додава дека не треба да заборавите доколку имате некоии потешкотии со самиот пост да го прашате за совет вашиот духовен отец или парохиски свештеник кој има благослов правилото на постот да го прилагоди на вашите телесни слабости.

„Нека Господ Бог дарува крепко здравје и црвста воља за во радост да го дочекаме Неговото Рождество“, напиша отецот.

Во продолжение типикот:

Строг пост: посна храна која не се подготвува со масло и не содржи масло во неа;
Масло и вино: тоа се посни јадења што може да се приготват со масло или да го содржат, дозволено е и вино
Риба: се пости со масло, но на тој ден се дозволени риби и вино;