Министерот за образование и наука, Арбр Адеми упати апел до наставниците и директорите на основните и средни училишта, утре да ја започнат новата учебна година. Адеми рече дека нема потреба од разочарување кај учениците кои за прв пат седнуваат вошколските клупи. Истакна дека МОН е на страната на образовната дејност и наставниците и дека во септември за 10,8% нивната плата е повисока во споредба со август 2018 година.
Но од друга страна, Синдикатот за образование, наука и култура за утре најави штрајк, наставниците и професорите да не одржуваат настава.
Министерот Адеми рече дека не може да има штрајк во услови кога постои решение. Тој рече дека нуди решение за повисоки плати. Инаку, во оваа учебна 2019/20 се запишале околу 260 илјади ученици во основните и средните училишта од кои околу 20 илјади во прво.