Македонија

Утре протест во Скопје, овие улици ќе бидат затворени!

Утре протест во Скопје, овие улици ќе бидат затворени!

Утре (31.01.2026), со почеток во 12:00 часот ќе се одржи протестен марш со траса на движење од пред Влада на РСМ на бул.„Илинден“, десно по бул.„ВМРО“, во продолжение по ул.„Васил Главинов“, лево по ул.„Димитрие Чуповски“, во продолжение по ул.„11-ти Октомври“ до пред Собрание на РСМ и лево по ул.„Филип 2-ри Македонски“ до пред Министерство за животна средина во Скопје.

Од тие причини Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот во централното градско подрачје на град Скопје.

Апелираме до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите кои ќе ги даваат полициските службеници.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Борче Треновски, универзитетски професор 15.10.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни