Утре протести во целиот свет – Тунберг номинирана за Нобеловата награда за мир - 4NEWS.mk
Поврзи се

Свет

Утре протести во целиот свет – Тунберг номинирана за Нобеловата награда за мир

Шведската тинејџерка Грета Тунберг, која стана популарна по својата борба против климатските промени, е номинирана за Нобеловата награда за мир. Номинацијата доаѓа како признание за нејзиниот активизам предводејќи ја најголемата младинска кампања за климатски промени. Три норвешки законодавци го предложија името на 16-годишната активистка.

Активистката, која беше именувана од магазинот „Тајм“ меѓу највлијателните тинејџери за 2018 година, инспирираше стотици илјади ученици низ светот да одржат штрајк барајќи од своите власти посериозен пристап кон решавање на проблемот со климатските промени. Утре се очекува да се случуваат протести во стотици градови низ светот, меѓу кои и во Скопје. Во декември минатата година, Тунберг зборуваше на Конференцијата за климатски промени на ОН во Полска, каде ги критикуваше законодавците и владините тела за нивната недоволна ажурност.

„Ако е невозможно да најдеме решенија во овој систем, тогаш можеби треба да го промениме целиот систем. Не дојдовме тука да ги молиме светските лидери да се грижат. Не игнориравте во минатото, ќе не игнорирате повторно. Немате повеќе изговори, а ние немаме повеќе време. Дојдовме тука да ви кажеме дека промената доаѓа, дали тоа ви се допаѓа или не. Вистинската моќ им припаѓа на луѓето“, изјави Грета Тунберг – активистка.

Извор: ТВ21

Реклама
Реклама
WP Facebook Auto Publish Powered By : XYZScripts.com