Македонија

Утре рано наутро авионско прскање против комарци во Велес

Утре рано наутро авионско прскање против комарци во Велес
Close-up image of an African tiger mosquito with proboscis, AI generated,Image: 793615625, License: Royalty-free, Restrictions: , Model Release: no

Општина Велес утре во раните утрински часови ќе го спроведе третото авионско третирање против комарци. Со прскањето ќе бидат опфатени целото градско и приградско подрачје, потегот по течението на реката Вардар, како и рекреативниот центар езеро „Младост“ со околината.

Третирањето ги опфаќа следните граници:

  • Север – Југ: Од Езерото „Младост“, селото Отовица и месноста Јарбош, по течението на Вардар од Башино Село, низ Велес, сѐ до вливот на реката Бабуна и селото Горно Караслари.
  • Запад: Од населбата Превалец, преку Керамидна кон фабриката „Киро Ќучук“ и селото Горно Оризари.

Од Општина Велес упатуваат апел до пчеларите навремено да ги преземат сите потребни заштитни мерки за пчелните семејства.

Доколку временските услови утре не дозволат реализација на летовите, прскањето ќе се изврши следниот ден кога ќе има поволни временски прилики.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни