Македонската православна црква и нејзините верници утре ја слават Света Харитина, маченичка и светица од третиот век.
Нејзината судбина беше ужасна, а традицијата за нејзината животна приказна е една од најтрогателните во христијанството.
Харитина беше скромна, послушна и тивка девојка. На рана возраст решила да стане Христова невеста, а тоа е време кога царот Диоклецијан наредил големо прогонство на христијаните.
Во тој прогон Харитина била фатена и изведена на суд. Откако таа одбила да се поклони на паганските божества, тие ја подложиле на страшни маки, и ја потстрижале косата до главата и ѝ ја посипувале главата со врел јаглен, а потоа ја врзале за тркало што го вртеле џелатите. И покрај таквото страшно мачење, Харитина останала жива, но судијата наредил да ја фрлат во морето.
На зачуденост на насобраниот народ, Харитина излегла неповредена од водата, но злобниот судија сакајќи да ја понижи до крај, испратил кај неа млади луѓе да ја обесчестат.
Харитина била сираче, која ја посвоил Клавдиј, угледен христијанин, кој така ја воспитувал уште од мала, а традицијата вели дека се упокоила клекнувајќи се и молејќи се само миг пред младите да тргнат да ја обесчестат. Таа починала пред нивната рака да ја допре.
Обичаи и верувања
Света Харитина до денес се смета за заштитничка на невините и скромни девојки и жени.
Се верува дека Света Харитина ќе им помогне на секој што ќе западне во неволја.
Доволно е искрено да побараат и ќе пристигне духовна помош.