Македонија

Утре седница во Собрание за разрешување на Коцевски

Утре седница во Собрание за разрешување на Коцевски

Предлогот на Владата за разрешување на државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски најверојатно ќе се најде на утрешната собраниска седница.

Ова го истакна претседателот на Собранието Африм Гаши на денешниот брифинг со новинарите при што рече дека дополнување на дневниот ред со оваа точка ќе се направи уште денеска за веднаш потоа да биде известен и Коцевски за седницата.

Коцевски ќе треба да се произнесе дали ќе присуствува и ќе се обрати на седницата или ќе даде само писмено образложение.

Со оглед дека е веќе извесно разрешувањето на Коцевски, веднаш потоа треба да се објави оглас за нов државен јавен обвинител а целосната процедура трае околу 3 месеци, до изборот функцијата ќе треба да ја води вд јавен обвинител.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ивана Петковска, Коалицијата „Сите за правично судење“ 17.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни