Македонија

Утре средба Заев-Мицкоски, за реформските закони, претседателските избори и СЈО

Премиерот Зоран Заев, утре ќе ги добие барањата на најголемата опозициска партија. Тој во Влада ќе се сретне со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Заев не сакаше  денеска да зборува за очекувањата од средбата но изјави дека ќе се дебатира за Реформските закони, претседателските избори и СЈО.

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека на утрешната средба нивната партија ќе излезе со конкретни барања, но притоа не ги истакнаа истите.

Утрешната средба ќе се одржи зад  затворени врати меѓу Заев и Мицкоски. Иницијатор на лидерската средба, беше ВМРО-ДПМНЕ, уште откако Владата го усвои предлог-законот за Специјалното обвинителство, според кој СЈО ќе се вклучи во редовното обвинителство.

РЕПОРТЕР: ВАЉМИРА ЗЕНДЕЛИ

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни