Утринава земјотрес во Грција, почувствуван и во Македонија (ФОТО)

Утринава нов земјотрес ја погоди Грција, овој пат во близината на Солун, односно на 40-тина километри од вториот најголем град во јужниот сосед. Земјотресот се случил во 5:47 часот во близината на Катерини на длабочина од 7 километри.

Земјотресот бил со јачина од 4.4 степени според рихтеровата скала, а бил почувствуван и во јужните делови од Македонија, па и во централните делови на земјава, дури и во главниот град Скопје.

Се вчитува...

Извор: ТВ21