Македонија

Утрински минус во Македонија: Во Берово измерени -2 степени

Утрински минус во Македонија: Во Берово измерени -2 степени

Студеното есенско утро веќе ги почувствуваа жителите на повисоките и источните делови од земјава. Утринава во Берово се измерени -2 степени, додека на Попова Шапка температурата се спушти до 0 степени.

Ниските утрински температури се во контраст со временските услови кои се очекуваат во текот на денот. Според прогнозата, времето ќе биде претежно сончево, со мала до умерена локална облачност и слаб до умерен ветер, главно од северозападен правец.

Најтопло утро е регистрирано во Гевгелија, каде што се измерени 12 степени. Во Скопје утринската температура изнесува 7 степени.

Во текот на денот температурите ќе бележат значителен пораст и ќе се движат од 18 до 25 степени.

Во главниот град се очекува сончево време со мала до умерена облачност и слаб ветер од променлив правец. Максималната температура ќе достигне 23 степени.

Најголема температурна разлика денес ќе има меѓу утринските и попладневните часови, особено во местата каде утрото започна со ниски температури.

Почетокот на есента така носи свежи и студени утра, но и сончеви и релативно топли попладниња, со температури кои во најтоплите делови од земјава ќе достигнат до 25 степени.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Марина Малиш Саздовска 13.10.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни