Македонија

Утрово -5 степени, во текот на денот врнежи од дожд и снег на овие места

Утрово -5 степени, во текот на денот врнежи од дожд и снег на овие места

Времето денеск ќе биде променливо облачно и студено со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец, поизразен долж Повардарието. Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 3, а максималната ќе достигне од 3 до 10 степени.

Во Скопје променливо облачно со сончеви периоди и со слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до -1, а максималната ќе достигне до 7 степени.

ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ

Следува период на променливо облачно и студено време со услови за слаб локален дожд, а на повисоките места и на планините со слаб снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

 

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни