Поранешниот министер за здравство, Венко Филипче на својот Фејсбук профил посочи дека утрово на Клиниката за неврохирургија со неговите колеги успешно извршиле операција на ‘рбет.
„Пациентот повеќе нема да има здравствени тегоби, кои претходно го нарушуваа неговото секојдневно функционирање. По постоперативното опоравување тој ќе се врати на неговите секојдневни активности“, напиша Филипче.