Утрово најладно со минус 13 степени во Берово

-13 Берово, -11 Маврови Анови, -10 Крива Паланка, -9 Демир Капија, Попова Шапка, Крушево, Скопје-Петровец, Велес, Куманово, -8 Тетово, Прилеп, Скопје-Зајчев Рид, – 7 Кавадарци, Виница, Пожаране, Штип, -6 Гевгелија, -5 Охрид, Претор, -4 Струмица.

ВИСИНА НА СНЕЖНА ПОКРИВКА во 07 часот (во сm) 31 Попова Шапка, 8 Маврови Анови.

ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА

Наутро многу студено, преку денот сончево со мала до умерена локална облачност, поголема во југоисточните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 3 до 10 степени.

Во Скопје утрото студено, преку денот сончево со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе достигне до 9 степени.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното