Македонија

Утрово најстудено на Попова Шапка

Утрово најстудено на Попова Шапка

Утрово, според податоците на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), најстудено било на Попова Шапка каде се измерени -4 степени.

-3 степени се измерени во Крива Паланка и Лазарополе, -1 степен во Битола, Прилеп, Струмица, Берово и Маврови Анови.

0 степени се измерени во Тетово, Куманово, Штип, нешто потопло односно 1 степен во Дебар, Крушево, 2 степени во Охрид Претор, Виница, Гевгелија, Скопје – Петровец, 3 степени во Скопје-Зајчев Рид, Демир Капија, 4 степени во Велес, Кавадарци, додека пак најтопло односно 5 степени се измерени во Дојран.

Најмногу дожд е забележан во Попова Шапка каде наврнале 6 l/m2. 5 l/m2 во Маврови Анови, 2 l/m2 Лазарополе, Тетово, 1 l/m2 Охрид, Крива Паланка.

Највисока снежна покривка исто така има на Попова Шапка каде истата изнесува 27 см, додека пак Ѓуриште е 9 см и Пожаране е 5 см.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни