Македонија

Утрово најстудено на Попова Шапка, измерени -2 степени

Утрово најстудено на Попова Шапка, измерени -2 степени

Најстудено е на Попова Шапка со -2 степени. Во Берово и Маврови Анови е 0, во Крива Паланка, Крушево и Лазарополе 1, во Претор и Виница 3, во Охрид 4 степени. Во Тетово, Битола, Прилеп, Штип и Струмица се измерени 5 степени, во Скопје (Петровец и Зајчев Рид), Велес и Кавадарци 6, во Гевгелија 7 и во Демир Капија 8 степени.

Врнежи (изминати 24 часа): Најмногу дожд и снег наврнало на Попова Шапка (17 l/m2) и Пожаране (14 l/m2). Во Крушево се измерени 7 l/m2, во Маврови Анови 5, во Тетово и Струмица 4, во Кавадарци 3, во Претор, Гевгелија и Ѓуриште 2 l/m2. По 1 литар на метар квадратен е измерен во Скопје, Охрид, Битола, Прилеп, Штип, Велес, Виница, Берово, Лазарополе и Радовиш.

Снежна покривка: На Попова Шапка висината на снегот изнесува 64 сантиметри.

Прогноза за денес: Времето ќе биде променливо облачно со повремен локален дожд. На планините во северните делови и на повисоките места дождот ќе преминува во снег. Ќе дува слаб до умерен, а попладне долж Повардарието повремено засилен југоисточен ветер. Максималната температура ќе биде меѓу 3 и 10 степени.

Во Скопје ќе биде претежно облачно со услови за слаб дожд и максимална температура до 9 степени.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни