Утрово најниска температура е измерена на Попова Шапка, каде што живата во термометарот се спушти на -7 степени. Температури од -4 степени се регистрирани во Берово и Маврови Анови, -3 во Крушево, -2 во Крива Паланка, а -1 степен е измерен во Тетово и Виница. Нула степени се измерени во Скопје-Петровец, Скопје-Зајчев Рид, Штип и Прилеп, додека 1 степен е измерен во Охрид, Претор, Битола, Велес и Кавадарци. Најтопло утрово било во Демир Капија и Струмица со 2 степени и во Гевгелија со 3 степени.
Во изминатите 24 часа, до 07 часот, најмногу врнежи се измерени во Гевгелија – 26 литри на метар квадратен. Во Демир Капија наврнале 20, во Струмица и Маврови Анови по 17, во Крушево 15, а во Скопје-Петровец и на Попова Шапка по 13 литри на метар квадратен. Во Кавадарци и Пожаране се измерени 12, во Берово, Велес и Ѓуриште по 10, во Тетово и Битола по 9, а во Скопје-Зајчев Рид и Штип по 6 литри на метар квадратен. Во Виница наврнале 5, во Претор, Прилеп и Тополчани по 3, во Крива Паланка и Пожар-Радовиш по 2, а во Охрид 1 литар на метар квадратен.
Снежната покривка до 07 часот изнесува 50 сантиметри на Попова Шапка, 14 сантиметри во Маврови Анови, 5 во Берово и 2 сантиметри во Ѓуриште.
Времето денеска ќе биде променливо облачно, со повремен локален дожд и слаб снег, претежно во северозападните делови од земјата. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието. Максималната дневна температура ќе се движи од 2 до 9 степени.
Во Скопје се очекува претежно облачно време со слаб променлив ветер, а максималната температура ќе достигне до 6 степени.
