Нафтениот пазар и утрово бележи раст. Цената на барел нафта на лондонскиот пазар изнесува 119 долари, што е пораст од речиси 2% во однос на вчерашниот ден. Цената на нафтата на американскиот пазар е 115 долари, што исто така е покачување во однос на вчера. Цените на нафтата се искачија на највисоко ниво во последните два месеци.
Биткоин утрово 28.000 долари
Пазарот на криптовалути од утрово е во црно. Вредноста на биткоинот е 28.833 долари, што е зголемување за околу 1% во однос на вчера. Во минус се и другите криптовалути, освен XRP и Solana, кои забележаа благ пад.
Цена на пченица и пченка
Од утрово поскапуваат житарките. Цената на пченицата е 1.157 долари за тон, што е пораст од речиси 2 отсто во однос на вчера. Цената на пченката е 772 долари, што е исто така пораст од околу 2% во однос на вчерашниот ден.
