Едно лице загина во авион од Лондон за Сингапур поради силни турбуленции, а неколку лица се повредени, јавува Би-би-си. Локалните медиуми јавуваат дека повеќе од 20 се повредени.
Авионот „Боинг 777-300ЕР“, кој летал за Сингапур, бил пренасочен кон Бангкок и слетал во 15:45 часот по локално време. Авионот превезувал вкупно 211 патници и 18 членови на екипажот, се наведува во соопштението на авиокомпанијата.
Сингапур ерлајнс соопшти дека летот SQ321, кој летал од Лондон до Сингапур, наишол на сериозни турбуленции.
„Можеме да потврдиме дека има повредени и еден фатален во Боингот 777-300ER. Во авионот имало вкупно 211 патници и 18 членови на екипажот. Сингапур ерлајнс изразува длабоко сочувство до семејството на починатиот“, соопшти компанијата.
Images from inside Flight #SQ321. The plane dropped 6,000 feet in 3 minutes. @SkyNews pic.twitter.com/jzVJTG9wOJ
— Cordelia Lynch (@CordeliaSkyNews) May 21, 2024