Во центарот на Манхајм попладнево автомобил влета во група луѓе. Во нападот најмалку две лица загинаа, а повеќе се повредени. Наводниот сторител е уапсен.
Во центарот на Манхајм во тек е опсежна полициска интервенција. Полициски хеликоптери го надлетуваат градот. Полицијата ги повика граѓаните да го избегнуваат центарот на градот во широк лак.
Според информациите на весникот „Билд“ две лица загинале, а 25 се повредени, од кои 15 потешко. Според известувањето на репортерот на ДПА, на местото на настанот се забележани остатоци, а едното тело е покриено со церада. Очевидци јавуваат за голем број повредени. На улица наводно стојат и детски чевли.
Во многу делови на Германија денес е врвот на карневалот, десетици илјади луѓе се на улиците. Во Манхајм, пак, нема голема карневалска парада. Со околу 320.000 жители, овој град е втор по големина во Баден-Виртемберг.
Во текот на претходните недели, во Германија имаше неколку напади во кои возила влетаа во толпа луѓе. Во декември шест лица го загубија животот во Магдебург кога 50-годишен лекар со голема брзина влета во божиќниот пазар. Во средината на февруари, маж со својот автомобил влета во група демонстранти во Минхен. Во таа прилика била убиена млада жена и нејзината двегодишна ќерка.