Словенечката полиција утринава околу 7 часот добила пријава дека во општината Пивка, на југот на земјата, дошло до пукање. На местото на настанот биле пронајдени две мртви лица — маж и жена.
Криминалистите веднаш започнале со увид, но засега не се објавени повеќе детали за истрагата. Од Полициската управа Копер соопштија дека дополнителни информации за јавноста ќе бидат објавени подоцна, пренесува 24ur.
Според неофицијалните информации на „Канал А“, мажот и жената наводно не биле во роднинска врска.
Првичните информации укажуваат дека мажот најпрво ја убил жената, а потоа и самиот се усмртил. Причината за трагедијата засега не е позната.