УЖАС ВО УЧИЛИШТЕ ВО СРБИЈА: Ученик се заканувал дека ќе донесе пиштол – веднаш реагирала полицијата

ООУ „Н.Х. Синиша Николајевиќ“ на Црвен крст соопшти дека полицијата во четврток ќе биде цел ден во училиштето со оглед на тоа што почнаа да се шират гласини дека осмоодделенец рекол дека ден потоа ќе донесе пиштол на училиште.

Во соопштението се наведува дека „полицијата била известена веднаш по гласината“ дека ученикот ќе донесе пиштол на училиште, како и дека полицајци вчера биле во училиштето, разговарале и дале упатства за понатамошно постапување.

Се вчитува...

Полицијата зела изјава од родителот кој ја пријавил ситуацијата, при што било констатирано дека полицијата во четврток во училиштето ќе биде во двете смени, а било наведено и дека, според инструкциите на полицијата, „некои други мерки ќе бидат преземени кои поради деликатноста на ситуацијата нема да ги објават“.