Поврзи се

Балкан

Ужасни фотографии од регионот: Во БИХ наредена евакуација, водата носи мостови, жителите водат битка со водeните наноси

Поплавите на територијата на БИХ кои се случуваа во текот на минатата ноќ, ги оставија жителите будни и на готовс да се борат со оваа стихија. Полицијата во федералната општина Добој Југ прогласи вонредна состојба и нареди евакуација поради изливањето на водата од коритото на реката Усор. Во околината на Тузла, најкритично е во Ораховица и во Бановиќ Село, додека во Челинце река однесе пешачки мост.

Во 2014 година реката Сана беше 3.85 метри и тогаш беше критично, а сега најновите мерења покажуваат дека реката го прејде и четвртиот метар. Цивилната заштита на БИХ јавува дека ситуацијата е под контрола, но истакна дека е тешка.

Исто така проблеми со водостојот на реките има и во Хрватска. Вчера во главниот град Загреб две лица беа повредени од силниот ветер и силните врнежи од дожд. Поплавени се неколку села во околината на Карловац како и во општината Плитивчки Езера.

The post Ужасни фотографии од регионот: Во БИХ наредена евакуација, водата носи мостови, жителите водат битка со водeните наноси appeared first on ТВ21.


Извор: ТВ21

Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
WP2FB Auto Publish Powered By : XYZScripts.com