Вакцинацијата против коронавирусот ќе паузира за велигденските и првомајските празници.
Ова вечерва во „Топ Тема“ на Телма го посочи Жаклина Чагороска од „Мој термин“.
„Ќе има пауза овие денови, од петок до понеделник бидејќи во тек е сега ревакцинацијата со Спутник V. Во консултација со пациентите пред се, бидејќи станува збор за верски празник кој се поклопува и со празникот први мај“, истакна Чагороска.
Таа вели дека оваа одлука се прави во консултација со граѓаните кои побарале ревакцинирањето да не биде во текот на празниците.