Како дел од шестмесечната мисија на кинеската вселенска станица, Ванг Јапинг стана првата жена од Кина која отиде на вселенска прошетка.
Во тимот има тројца астронаути, кои на вселенската станица ќе останат шест месеци, што е најдолгата планирана посета на кинески астронаути досега.
Ванг (41) му се придружи на колегата астронаут Џаи Џиганг, кој го напушти главниот модул на станицата во неделата, за да ја инсталира потребната опрема и да ја тестира механичката рака.
Тие потоа се вратиле во станицата од каде што им помогнал третиот член на екипажот, Џе Гуангфу.
Give me a hug!
— Shenzhen Channel (@sz_mediagroup) November 8, 2021
Two Chinese astronauts, Zhai Zhigang and Wang Yaping, successfully completed extravehicular activities and came back to the cabin, welcomed by a warm hug from Ye Guangfu, who remained inside to monitor critical systems.#Shenzhou13 #太空出差三人组 pic.twitter.com/0NFoVCwyPp
Ванг и Џаи, кој беше првиот Кинез кој одеше во вселената пред 13 години, веќе беа членови на мисиите на кинеските експериментални вселенски станици кои повеќе не се во функција.
Модулот Tianhe следната година ќе биде поврзан со уште два дела од вселенската станица, по што ќе тежи околу 66 тони, 384 тони полесен од првата Меѓународна вселенска станица, лансирана во 1998 година.
Плановите на кинеската вселенска програма се да испрати уште неколку екипажи на станицата во следните две години со цел таа да биде целосно функционална.
Пекинг ја започна изградбата на првата постојана вселенска станица во април со лансирањето на Tianhe, или „Небесна хармонија“, првиот и најголемиот од трите модули на станицата.
Првата тричлена екипа се врати во средината на септември откако заврши 90-дневна мисија на модулот.
Откако беше исклучена од Меѓународната вселенска станица поради приговори од САД и поради тајноста на кинеската програма и блиските воени врски, Кина одлучи да изгради свои вселенски станици на почетокот на 1990-тите.
