ВАШАТА КУЌА СЕКОГАШ ДА МИРИСА СВЕЖО И ЧИСТО: Трик кој го воодушеви светот!(ВИДЕО)

Мајка од Австралија открила едноставен трик со кој го прави својот дом да мириса на луксузна продавница. Шантела Мила објави видео на TikTok и објасни како направила освежувач кој се состои од парчиња лимон, рузмарин и есенција од ванила.

Освежителниот мирис е изненадувачки лесен за правење и вклучува две чаши вода во кои се додаваат три состојки.

Во водата ставете еден исечкан лимон, четири гранчиња рузмарин и една лажичка есенција од ванила.

„Дозволете ова да ви го исполни домот со мирис“, напиша Шантел додека мирисот од тенџерето се шири низ нејзиниот дом.

@mama_mila_

The DIY signature scent that will become your favourite 🍂 #hometips #homefragrance

♬ You Stepped Out Of A Dream – Nat King Cole

„Не заборавајте да додадете вода во текот на денот“, потсети таа.

Овој трик е алтернатива за купување скапи свеќи или миризливи стапчиња.

Другите корисници на TikTok беа воодушевени од трикот, а една жена праша како да ги искористи остатоците.

Дестилираната вода е одличен спреј или со 50/50 бел оцет и вода можете да направите повеќенаменско средство за чистење“, вели Шантел.

Рекла и дека мирисот трае до три полни дена, додека спрејот ќе трае неколку месеци.