Ватикан започна истрага против епископот на Кадиз и Сеута, Рафаел Зорноза, поради обвинувања дека постојано сексуално злоставувал тинејџер во 1990-тите, додека бил свештеник во Мадрид, што е прв познат случај на канонска истрага против епископ во Шпанија за обвинувања за педофилија, објави денес „Паис“.
Ова лето, жртвата испратила жалба до Римската дикастерија за доктрина на верата, одделот одговорен за прашања од католичката доктрина, во која детално ја опишува злоупотребата и бара преземање мерки.
Во писмото, тинејџерот го обвини Зоронза дека го злоставувал од 14 до 21 година, во текот на 1990-тите.