Сигурно очите ви се насолзуваат кога надвор е ладно, а тоа е, всушност, многу важно.
Сите знаеме дека очите се насолзуваат кога надвор температурите се во минус, иако навистина не знаеме зошто. Всушност, постои многу важна причина.
Имено, тоа е начин да ги задржиме очите доволно влажни за да трепкаме и да гледаме нормално. Кога надворешните температури се пониски, воздухот е посув, што ги суши нашите очи (како и кожата и усните).
Офталмологот Џејмс Оран објасни дека ветерот и помалата влажност предизвикуваат насолзени очи. Тоа е всушност реакција на нашето тело која се обидува да се погрижи да гледаме што е можно подобро и дека непријатноста од гледањето во надворешниот минус е минимална.
Покрај температурата, влажноста и светлината исто така играат улога во тоа дали нашите очи се полнат со солзи кога ќе излеземе надвор. Одразот на светлината на снегот ги прави нашите очи почувствителни.
Офталмолог вели дека не е лошо секогаш да носите очила кои ќе ги заштитат очите кога е потребно. Тој исто така предлага доколку имате чувствителни очи, пред да излезете на ладно да ставите вештачки солзи.
