Македонија

Важно соопштение од „Водовод и канализација“: Во недела повеќе општини без вода

Важно соопштение од „Водовод и канализација“: Во недела повеќе општини без вода

Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ утрово соопшти дека во недела, на 12 јули 2026 година, дел од корисниците ќе останат без вода поради санација на уличен дефект на главен цевковод со пречник 600 милиметри на улица „Борис Трајковски“ б.б., во близина на бензинската пумпа „Лукоил“ во Пинтија.

Без водоснабдување ќе бидат корисниците од Пинтија, Усје, Долно Лисиче, Драчево, Батинци, Студеничани, Моране и Зелениково.

Прекинот ќе започне во 09:00 часот и ќе трае до завршување на санацијата на дефектот, соопшти претпријатието.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни