Македонија

Вчера гласаа над 4 илјади болни и немоќни, затвореници и лица во домови

Вчера гласаа над 4 илјади болни и немоќни, затвореници и лица во домови

Вчера се спроведе гласањето на болните или немоќни лица, лицата кои се на издржување на казна затвор или се во притвор и лицата кои се пријавиле за гласање а се сместени во установите за вонсемејна грижа. Гласањето на оваа категорија гласачи се одвиваше во општините каде се одржува вториот круг на локалните избори и Градот Скопје.

Вчера од вкупно 4.826 болни или немоќни лица до 20:00 часот гласале 3327 гласачи, додека пак во 14 казнено поправни установи, каде што своето право на глас имале 1256 лица кои се на издржување казна затвор или притвор, гласале 588 гласачи.

Од 214 лица сместени во установите за вонсемејна грижа гласале вкупно 125 гласачи.

Од ДИК велат дека гласањето за сите овие категории на гласачи се одвиваше непречено и без никакви проблеми и недоследности.

Броењето на овие гласови и објавувањето на резултатите од вчерашното гласање се врши заедно со резултатите од целокупното гласање на изборите денес после 19:00 часот, за секое избирачко место и секоја општина каде што се гласа.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни