Второто полуфинале на Евровизискиот натпревар за песна 2026 ќе се одржи вечерва во Виенската штатхале во 21 часот, во кое 15 земји ќе се обидат да освојат место во големото финале на еден од најгледаните музички настани во Европа.
Публиката може да очекува нови атрактивни настапи, сценски спектакли и борба за последните десет места во финалето, кое ќе се одржи во сабота.
На сцената вечерва ќе се качат претставници од Бугарија, Азербејџан, Романија, Луксембург, Чешка, Ерменија, Швајцарија, Кипар, Латвија, Данска, Австралија, Украина, Албанија, Малта и Норвешка.
Според обложувалниците на Евровизија, фаворити за втората полуфинална вечер се претставници од Украина и Норвешка, додека социјалните медиуми исто така обрнуваат големо внимание на настапот на Австралија поради нејзината необична сценографија и енергичен настап.
Ќе настапат и Австрија, Франција и Обединетото Кралство, директни финалисти.
За потсетување, првата полуфинална вечер се одржа во вторник, а места во финалето обезбедија Грција, Финска, Белгија, Шведска, Молдавија, Израел, Србија, Хрватска, Литванија и Полска.