Македонија

Веќе трет ден чад од депонијата кај Добрашинци, пожарот во најголем дел е изгаснат

Големиот пожар кој избувна завчера на депонијата кај селото Добрашинци, во која се одлага отпадот од општините Струмица и Василево, во најголем дел е изгаснат, информира Бранко Ѓоргиев од ЈПКД „Комуналец“-Струмица.

-Во најголем дел, околу 80 отсто, пожарот на депонијата е изгаснат. Очекуваме до крајот на денот целосно да го изгаснеме и со тоа да престане чадењето. Во гаснењето е вклучена наша и позајмена механизација, како и камиони со кои истураме песок на најкритичните делови на депонијата коишто се зафатени од пожарот, рече Ѓоргиев.

Според негови информации депонијата била запалена од неодговорни граѓани, кои таму се движат, а пожарот бргу се проширил. 

.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пиши ни