Поранешниот спикер на Собранието и актуелен пратеник Трајко Вељаноски вечерва по излегувањето од Основното Јавно Обвинителство не одговори на новинарските прашања за тоа како е приведен, дали е тој организатор на 27 април и зошто е приведен.
Вељаноски вечерва прв го напушти Обвинителството бидејќи тој има пратеничи имунитет кој сѐ уште го штити.
Како што дознава ТВ21, ќе биде побарано симнување на имунитетот на Вељаноски, а тоа првично треба да помине на комисијата за деловнички и мандатно имунитетни прашања, па потоа на пленарна седница.
Вељаноски сѐ уште го штити пратеничкиот имунитет – без одговор на новинарските прашања
Вељаноски сѐ уште го штити пратеничкиот имунитет – без одговор на новинарските прашања
Gepostet von TV21 am Mittwoch, 20. Februar 2019