Велешанец каснат од видра, 45-ти регистриран случај во светот

На 5 јануари вечерта, во месноста Капиновски Вирови кај реката Бабуна, 47-годишниот велешанец С.Д. бил каснат од видра, станувајќи 45-ти регистриран случај на каснување од видра во светот, според евиденцијата на Националната медицинска библиотека на САД. Според достапните податоци, од 1875 до 2010 година, биле забележани 44 вакви случаи, најмногу од нив во Флорида, пишува СДК.МК.

„Во езерцата чувам крапови и вечерта околу 20ч кога сакав да уловам некое парче, го осветлив просторот со батериска лампа, некое животинче скокна и ме касна. И тоа преку јакна, облека за десната рака. Парче месо ми скина, видов дека е видра, морав да барам помош од доктор“, вели С.Д.

Во Општата болница Велес го потврдија настанот.

„Вечерта на 5 јануари, околу 21,30ч. на Ургентното одделение е дојден пациент кој се пожалил на каснување од видра на десната надлактица. Извршена е хируршка интервенција и пуштен на домашно лекување“, кажа д-р Билјана Босилкова, портпаролка на Општа болница Велес.

Видрата е месојаден цицач од семејството на куните, позната по своите способности за пливање и активност ноќе. Главна храна ѝ е рибата, а инцидентите со луѓе најчесто се поврзани со нарушување на нејзината територија. Според стручната литература, видрите имаат остри заби и повредите од нив може да бидат сериозни.

Овој редок инцидент потсетува на важноста од внимателност и почитување на природата и нејзините жители.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното