Велешкиот градоначалник Марко Колев во текот на вчерашниот ден, враќајќи се од работа спасил жена која сакала да се фрли во реката Вардар.
„Немав време за размислување, инстинктот веднаш направи да реагирам. Излегов од колата, ја фатив жената која сакаше да скокне од оградата на мостот. Дојдоа минувачи, повикавме полиција“, вели градоначалникот за Фокус.
Тој додава дека ја забележал сосема случајно и во тие моменти сакал само да ја спаси.
Колев дека го направил она кое секој друг на негово место би го сторил. Се нашол на вистинското место во вистинско време, реагирал, и се надева дека жената ќе биде добро.
Како што пишува порталот, за жената велешани раскажале дека имала тешка судбина.
Била на возраст од околу 60 години, а одамна го изгубила синот. Тој бил удрен од возило и починал на самото место.