Свет

Велика Британија би можела да воведе санкции за руски војници и генерали

Британскиот министер за полиција Кит Малтхаус денеска изјави дека Велика Британија би можела да воведе санкции за руски војници и генерали осомничени дека извршиле наводни воени злосторства во Украина.

Во изјава за Скај њуз, Малтхаус рече дека е важно доказите за наводните злосторства да бидат собрани што е можно повнимателно додека конфликтот продолжува.

„Додека ова е во тек, можеме да воведеме мерки на домашно ниво за санкции што можеме да ги наметнеме на поединци, вклучително и борци, генерали и други вклучени, за да навестиме дека ја признаваме нивната улога во овој ужасен напад врз слободна демократска земја “, изјави Малтхаус, пренесе Гардијан.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Стефанија Кузмановска и Тодор Конески 10.06.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни